Лидерите на земјите членки на НАТО ќе се состанат во Мадрид     Фото: AA

НАТО Самитот ќе биде одржан од 28 до 30 јуни во Мадрид во Шпанија. Состанокот ќе започне на 28 јуни со вечера која за лидерите ќе ја организира кралот на Шпанија Фелипе.

На првата сесија, која ќе биде одржана утрото на 29 јуни, ќе биде разговарано за Украина и Русија. Се очекува дека на сесијата преку видеолинк ќе присуствува и претседателот на Украина, Владимир Зеленски, кој ќе се обрати до лидерите.

Истиот ден во попладневните часови ќе биде одржана сесија на која ќе биде разговарано за развивање на соработката со најблиските партнери на НАТО. На состанокот ќе присуствуваат лидерите на Австралија, Нов Зеланд, Јапонија, Јужна Кореја, Шведска, Финска и Грузија. Европската комисија и Европскиот свет ќе ги претставуваат челниците на овие институции.

Во среда вечерта, премиерот на Шпанија Педро Санчез во неформален формат на вечера ќе ги угости лидерите на земјите на НАТО и 27 земји-членки на Европската Унија (ЕУ).

На последлниот ден од самитот, 30 јуни, ќе биде разговарано за јужното крило и предизвиците во тој регион. Во тие рамки ќе биде разговарано за низа прашања меѓу кои се борбата против тероризмот и миграциите.

Во рамките на самитот во Мадрид ќе бидат одржани и одделни состаноци на министрите за надворешни работи и министрите одбрана на земјите членки на алијансата. На состанокот за надворешни работи на кои ќе биде разговарано за предизвиците на југот ќе присуствуваат и Мавританија и Јордан. На состанокот на министрите за одбрана ќе биде разговарано за Балканот.

Овогодишниот НАТО Самит е историски од неколку аспекти     Фото: AA

Овогодишниот НАТО Самит е историски од неколку аспекти. Многу прашања се поврзани со војната која на 24 февруари ја покрена Русија против Украина.

Меѓу истакнатите прашања ќе бидат барањата на Шведска и Финска за членство, како и безбедносните грижи на Туркије во врска со тоа. Се очекува дека ќе биде разговарано и за предизвиците за идниот период и како НАТО ќе одговори на нив, за усвојување на новиот документ „Стратешки концепт“, јакнењето ја источното крило на сојузот и воената помош на Украина.

Шведска и Финска

Шведска и Финска откако Русија покрена војна против Украина, на 18 мај поднесоа барање за членство во НАТО. Меѓутоа, Туркије изрази безбедносни загрижености во врска со членството на двете земји.

Туркије, за да станат членки на НАТО, бара прекин на активностите на терористичките организации, меѓу кои се ПКК/ПЈД, ДХКП-Џ и ФЕТО, вклучувајќи нивно финансирање, регрутирање членови и ширење на пропагандата. Воедно, бара и укинување на ограничувањата и ембаргото на оружјето кон Туркије.

Преговорите кои се водат за да се отстранат грижите на Туркије сѐ уште не вродија со плод. Туркије самитот во Мадрид не го гледа како краен датум или пресвртница и истакнува дека преговорите ќе бидат продолжени. Туркије од Шведска и од Финска бара конкретни чекори и обврзувачки ветувања, вклучувајќи документи за кои сака да бидат потпишани, а за кои се разговара.

Туркије на самитот ќе ја претставува претседателот на државата Реџеп Таип Ердоган, а се очекува на состаноците да се разговара и за барањата на Шведска и Финска.

Лидерите на двете земји ќе допатуваат во Мадрид поради Самитот, но се очекува во рамките на програмата да присуствуваат само на приемот на првиот ден чиј домаќин ќе биде Шпанија.

Обнова на „Стратешкиот концепт“

Една од клучните ставки на самитот во Мадрид ќе биде обновата на документот „Стратешки концепт“ кој ги одредува безбедносните предизвици кои се пред НАТО, но и рамката на одговорите во политичка и воена смисла.

Стратешкиот концепт е усвоен во Лисабон, во Португалија во 2010 година. Меѓутоа од тој ден многу нешта се сменија за НАТО, кога е во прашање безбедноста на Европа, но и политичкиот контекст.

Основа на промените се односите со Русија, бидејќи во документот од 2010 година, Русија се смета за партнер на НАТО. На Самитот во Лисабон присуствуваше тогашниот претседател на Русија Дмитриј Медведев, а Русија е окарактеризирана како „стратешки партнер“ на НАТО.

Тогашниот генерален секретар на НАТО, Андрес Фог Расмусен и Медведев се состанаа и испратија пораки на соработка и истакнаа дека напнатостите останале во минатото. Тогаш беше кажано дека НАТО и Русија заеднички ќе работат на воспоставување систем на противракетна одбрана.

Средба на Расмусен и Медведев на Самитот на НАТО во Лисабон во 2010 година     Фото: НАТО

Многу нешта се сменија во годините кои следуваа. Сега НАТО и Русија меѓусебно се гледаат како главен елемент на закана.

Новитет во Стратешкиот концепт ќе биде и Кина. Во документот од 2010 година ниту збор немаше напишано за Кина. Меѓутоа, од средината на 2010 година, Западниот свет, вклучувајќи ги САД, правецот го сврте кон истокот и повнимателно ја следи Кина.

НАТО на Кина не гледа како на непријател, но растот на Кина и забрзаното воено интервенирање на администрацијата во Пекинг се дел од загриженостите на НАТО.

Јакнењето на нуклеарните капацитети на Кина, инвестирање во виталните технологии и можноста за контрола на клучната инфраструктура во Европа, како интернетот, предизвикуваат загриженост во НАТО.

Се очекува на Самитот да биде разговарано за Кина, предизвиците пред интересите на НАТО, како и за потребата НАТО да преземе чекори против Кина во конкурентскиот свет.

НАТО во тој поглед ја јакне соработката во азиско-пацифичкиот регион. Во согласност со тоа, во Мадрид се повикани лидерите на Јапонија, Јужна Кореја, Нов Зеланд и Австралија. Лидерите на овие земји првпат ќе присуствуваат на Самитот на НАТО.

Пакет воена помош за Украина

На самитот во Мадрид пред лидерите на НАТО ќе се најде и прашањето на воената помош на Украина.

НАТО, од руската окупација на Крим во 2014 година пружа помош на Украина во вид на обука, оружје и муниција. Откако Русија во февруари покрена напади, зголемена е воената, хуманитарната и финансиската поддршка на НАТО земјите. До сега во Украина е испратена помош вредна неколку милиони долари.

Меѓутоа, една од потешкотиите кои се пред Украина во текот на војната со Русија, е тоа што значаен дел од воениот инвентар со кој земјата располага, го сочинуваат оружје и друга опрема од советскиот период.

НАТО сака да ја модернизира опремата на Украина од советскиот период. Целта е да ги зголеми одбранбените можности на Украина, но и да ја зајакне интероперабилноста со НАТО.

Јакнење на источното крило

Лидерите на НАТО ќе разговараат и за тоа како да го зајакнат сојузот, вклучувајќи јакнење на источното крило, како и долгорочна состојба и капацитети.

НАТО од 2014 година немаше во план да има борбени трупи на источното крило. Пред руската закана, поради окупацијата на Крим, од 2014 година започна да го јакне источниот блок.

Во таа насока, во балтичките земји и Полска се наоѓат вкупно четири борбени групи. Меѓутоа, по почетокот на војната во Украина во февруари, таа бројка е зголемена на осум. Дополнително, четири мултинационални групи се позиционирани во Бугарија, Унгарија, Словачка и Романија.

Меѓутоа, по рускиот напад, првпат во историјата на НАТО активирани се сили за брзо делување кои бројат околу 40.000 луѓе. Моментално на источното крило се наоѓаат 40.000 војници кои се под директна команда на НАТО, а потпомогнати се со воздушни и поморски елементи. САД го зголемија бројот на војниците во Европа од 70.000 на 100.000.

Се очекува на Самитот да бидат усвоени и плановите подготвени за јакнење на источното крило. Меѓу нив се и оние кои се однесуваат на јакнење на тешкото вооружување, муниција и друга опрема, вклучувајќи го и горивото.

Покрај тоа, тука е и планот за формирање на одредени сили пред можен ангажман. Овие единици ќе се наоѓаат во своите земји, тука ќе поминуваат обуки и вежби. Ќе се бара да познаваат терен, клима и други услови на подрачјето на кое би можеле да бидат ангажирани.

Се очекува дека на Самитот во Мадрид ќе бидат донесени одлуки за заеднички фондови и средства, како и јакнење на воениот и цивилниот буџет.

AA
Популарни