Штајн доби 1,4 милиони гласови како кандидат на Зелената партија во 2016 година / Photo: AA

Џил Штајн, која во четвртокот објави дека влегува во трката за претседател на САД, повика на истрага за „воените злосторства“ на Израел во Газа и ги осуди претседателот Џо Бајден и другите лидери за нивната „наводна“ поддршка.

„Повикуваме на истрага за воените злосторства на режимот на Нетанјаху, како и за улогата на Бајден и американските лидери во помагањето и поттикнувањето на истите“, рече Штајн во видеото, каде што ја објави својата кандидатура за трката во 2024 година како кандидат на Зелената партија.

Таа рече дека претседателот Бајден и двопартиските лидери не само што се соучесници, туку тие се целосни партнери во злосторствата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Штајн се кандидираше и во 2016 година против демократскиот претседателски кандидат Хилари Клинтон и републиканскиот кандидат Доналд Трамп исто така како кандидат на Партијата на зелените.

„Воените злосторства што ги прави Нетанјаху против Палестинците, достигнаа геноцидни размери. На Палестинците им беше забрането да се хранат, да имаат чиста вода и струја додека беа немилосрдно бомбардирани и беа принудени да бегаат од своите домови, борејќи се да си ги спасат животите“, додаде таа.

Штајн истакна дека овие злосторства мора да престанат.

„Поради сите тие причини, бараме прекин на огнот, крај на (израелската) блокада, хуманитарна и медицинска помош, ослободување на заложниците и политичките затвореници и крај на окупацијата и апартхејдот. Ова е патот кон мир и безбедност за сите нас“, додаде таа.

Штајн доби 1,4 милиони гласови како кандидат на Зелената партија во 2016 година.

AA
Популарни