Италија стави над 15 града во црвена тревога поради очекуваните топлотни бранови во викендот.
Високите температури ќе се почувствуваат во текот на викендот во неколку италијански градови, соопшти Министерството за здравство на земјата, пренесе агенцијата АНСА.
Министерството стави во црвена тревога 15 града за сабота и 16 за недела, вклучително Рим, Болоња, Фиренца, Катанија, Кампобасо, Бари, Фросиноне, Латина, Перуџа, Пескара, Риети, Витербо, Каљари, Чивитавекија, Месина и Палермо.
Топлотните бранови им се закануваат не само на старите, медицински ранливите лица и децата, туку и на целото население, се вели во предупредувањето.
Се очекува дека температурите ќе се искачат за 12 Целзиусови степени повисоко од просечните.
Прогнозата за сабота во Рим е 37 Целзиусови степени, а во недела 43 Целзиусови степени.
„Италија, Шпанија, Франција, Германија и Полска се соочуваат со голем топлотен бран со температури на воздухот што се очекува да се искачат до 48 Целзиусови степени на островите Сицилија и Сардинија - потенцијално најтоплите температури некогаш забележани во Европа“, соопшти Европската вселенска агенција, додавајќи дека зголемената жива на континентот следи „рекордни глобални температури“.