Режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад тврди дека Израел извршил напад врз провинцијата Хомс во централниот дел на Сирија.
Сириската новинска агенција САНА, врз основа на воен извор, тврди дека се извршени воздушни напади врз центарот на Хомс и некои точки во руралните области.
„Нашите системи за противвоздушна одбрана пресретнаа непријателски ракети кои доаѓаа од Либан и соборија некои од нив. Во нападот загинаа неколку цивили. Имаше и повредени и материјална штета“, стои во објавата.
Израел не даде никаква изјава за нападот.
Познато е дека во Дамаск и неговите рурални области има елементи на либанскиот Хезболах, како и сириската армија и терористичките групи поддржани од Иран.
Израел извршува повремени напади врз групи поддржани од Иран и воени пунктови на сириската армија во Сирија од почетокот на граѓанската војна во 2011 година.