Хуманитарно наспроти хуманитарно, никој не треба да ни дава морални лекции, рече Кац / Photo: AA

Израелскиот министер за енергетика Израел Кац изјави дека струјата, водата и горивото нема да ѝ бидат обезбедени на Газа додека Израелците кои се заложници во Појасот Газа не се вратат во своите домови.

„Хуманитарна помош за Газа? Нема да има струја, нема да се отворат чешмите за вода и нема да влезат камиони со гориво сѐ додека израелските затвореници не се вратат во своите домови“, рече Кац.

Кац одговараше на меѓународните реакции за израелската употреба на колективна казна во Газа.

„Хуманитарно наспроти хуманитарно. Никој не треба да ни дава морални лекции“, рече Кац.

Ситуацијата ескалира во Појасот Газа по нападите на палестинската група Хамас врз израелските градови во саботата.

Израел возврати со масовни воздушни напади врз Газа. Најмалку 1.200 Палестинци загинаа во израелските напади врз блокираниот Појас Газа, соопшти Министерството за здравство во Газа.

Повредени се околу 5.000 луѓе. Бројот на загинати Израелци во нападите од блокираниот Појас Газа достигна 1.300, а бројот на повредени 3.300.

AA
Популарни