Израелската армија повторно приведе 11 Палестинци од окупираниот Западен Брег, кои беа ослободени како дел од договорот за размена на затвореници меѓу Израел и Хамас во ноември.
Амани Саране од невладината организација Здружение на палестински затвореници објави дека последната од 11 приведени е Ханан ал-Баргути, која беше приведена во вторникот во селото Кобар во близина на градот Рамала на Западниот Брег.
Ханан ал-Баргути е сестра на Наел ал-Баргути, палестински затвореник со најдолг стаж во израелските затвори.
За време на еднонеделната хуманитарна пауза во борбите во Газа меѓу 24 ноември и 1 декември Хамас ослободи 105 цивили приведени во Газа, меѓу кои 81 Израелец и 24 странци.
Тие беа ослободени во замена за ослободување на 240 палестински жени и деца од израелските затвори.