Израелската армија приведе уште 90 Палестинци во воените рации низ окупираниот Западен Брег за време на муслиманскиот празник Курбан Бајрам, соопшти денес Здружението на палестински затвореници.
Повеќето приведувања беа извршени во гувернатот на Хеброн во јужниот дел на Западниот Брег, истакна Здружението.
Според палестински податоци, со новите приведувања вкупниот број Палестинци кои израелската армија ги приведе на Западниот Брег од октомври минатата година достигна 9.280.
Тензиите на окупираниот Западен Брег се големи откако Израел започна смртоносна воена офанзива против Појасот Газа во која загинаа речиси 37.400 луѓе по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври минатата година.
Оттогаш се убиени најмалку 548 Палестинци, а речиси 5.200 се повредени од оган на израелската армија на окупираниот Западен Брег.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине својата операција во Рафах, каде што над еден милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да започне копнената офанзива врз градот на 6 мај.