Според групите за прашања на затворениците , израелската армија денеска привела најмалку 15 Палестинци во воените напади на окупираниот Западен Брег.
Жена и дете се меѓу приведените во рациите насочени кон Источен Ерусалим, Ерихон, Хеброн, Тулкарм, Калкилија и Рамалах, се вели во заедничката изјава на Комисијата за прашања на затворениците и Здружението на палестински затвореници.
Со новите приведувања е зголемен бројот на Палестинците кои израелската Армија ги приведе на Западниот Брег од октомври минатата година на над 12.100, вклучувајќи ги и оние кои беа ослободени откако беа уапсени, според палестинските податоци.
Бројката не ги вклучува приведените од Појасот Газа чиј број се проценува на илјадници.
Во текот на изминатите неколку години, израелската Армија спроведуваше редовни рации на Западниот Брег, кои ескалираа со почетокот на војната во Газа на 7 октомври 2023 година.
Палестинците, исто така, беа насилно нападнати од илегалните израелски доселеници.
Најмалку 815 Палестинци оттогаш се убиени, а речиси 6.500 други се повредени од огнот на израелската Армија на окупираната територија, според Министерството за здравство.