Израел по полноќ изврши воздушни напади врз аеродромот и одбранбените фабрики во сириската северозападна провинција Алепо.
На профилите на социјалните мрежи блиски до сириската Влада се вели дека израелските воени авиони извеле напади на градот Сафира.
Во објавата се наведува дека реагирале системите за противвоздушна одбрана на сириската војска.
Ниту израелската ниту сириската Влада не дадоа изјави во врска со нападот.
Според сириската државна агенција САНА, во нападот имало жртви меѓу цивилите и воениот персонал.
Сириски воен претставник ја известил САНА дека околу 01:45 часот Израел извршил воздушен напад во правец на Атрија, југоисточно од Алепо и додал дека во нападот се убиени и ранети цивили и воен персонал.
На 17 март на социјалните мрежи се изнесени слични тврдења дека израелските воени авиони гаѓале повеќе локации во регионот Каламон.
Од почетокот на граѓанската војна во Сирија 2011 година Израел повремено изведува напади на аеродромите во Алепо и Дамаск, како и на воените позиции на групите поддржани од Иран и од сириската војска.