Израелските сили приведоа 8.745 Палестинци на окупираниот Западен Брег од 7 октомври 2023 година, кога почнаа нападите врз Појасот Газа.
Израелските војници во последните 24 часа во окупираните градови на Западниот Брег, Витлеем, Хеброн, Тулкарим, Калкарија и Источен Ерусалим (Ал Кудс ), приведоа 20 Палестинци, меѓу кои има и претходно ослободени затвореници, се наведува во заедничкото соопштение на Здружението на палестински затвореници и Делегацијата на затвореници и ослободени, поврзани со Палестинската ослободителна организација (ПЛО).
Со последните приведувања бројот на притворени Палестинци на Западниот Брег од 7 октомври, кога започнаа израелските напади на Појасот Газа, се зголеми на 8.745.
На окупираниот Западен Брег и во Источен Ерусалим убиени се 498 Палестинци од страна на израелските војници и нелегалните еврејски доселеници од 7 октомври досега.