Израелската армија приведе најмалку 30 Палестинци доцна во неделата и во понеделникот во новите воени рации на окупираниот Западен Брег.
Најголем дел од апсењата се извршени во Витлеем, а потоа во Ерусалим, Рамала, Хеброн, Салфит и Тубас, се вели во заедничката изјава на Комисијата за прашања на затворениците и Здружението на палестински затвореници.
Во заедничкото соопштение се наведува дека од 7. октомври израелските сили уапсиле 9.155 Палестинци.
Тензиите се високи низ Западниот Брег откако Израел започна смртоносна воена офанзива на Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.
Оттогаш, најмалку 532 Палестинци се убиени, а речиси 5.000 се ранети од израелски оган на окупираната територија, според палестинското Министерство за здравство.