Во израелските бомбардирања и гранатирања на Појасот Газа во последните 24 часа се убиени 82 Палестинци, а 234 се ранети / Photo: AA

Во нападите на Израел, обвинет за геноцид, врз Појасот Газа од 7 октомври досега се убиени 35.173 Палестинци.

Во последните 24 часа се убиени уште 82 Палестинци.

Палестинското Министерство за здравство во Газа даде информации за нападите што Израел ги изведува во Појасот Газа веќе 221 ден.

Во соопштението се наведува дека израелската војска извршила осум масакри во различни делови на Појасот Газа во последните 24 часа.

Министерството објави дека во израелските бомбардирања и гранатирања на Појасот Газа во последните 24 часа се убиени 82 Палестинци, а 234 се ранети.

Се додава дека од 7 октомври минатата година досега се убиени 35.173 Палестинци, а 79.061 е ранет.

Палестинското Министерство повтори дека под урнатините и покрај патиштата сѐ уште има мртви, но поради препреките на израелските сили, медицинските тимови и припадниците на цивилната заштита не може да дојдат до нив.

Израелските сили започнаа брутална воена офанзива врз Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври.

Израел, обвинет за геноцид, воведе целосна блокада на Појасот Газа, оставајќи го неговото население, особено жителите на Северна Газа, на раб на глад, не дозволувајќи влез на хуманитарна помош за 2,3 милиони Палестинци.

По повеќе од седум месеци од почетокот на израелската офанзива врз палестинската енклава, 85 отсто од населението на Појасот Газа се внатрешно раселени, при што дојде до акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да обезбеди хуманитарна помош за цивилите во Газа.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарна помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.

AA
Популарни