Израелска армија: Вечерва ќе извршиме силен напад на Блискиот Исток / Photo: AP

Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари изјави дека ракетните напади што ги извршил Иран не нанеле никаква штета на израелската авијација и рече дека вечерва ќе извршат „интензивен напад“ на Блискиот Исток.

Според локалните медиуми, Хагари, коментирајќи ги иранските ракетни напади врз Израел, посочил дека израелските воздухопловни сили ќе продолжат со нападите во регионот.

„Израелските воздухопловни сили продолжуваат да работат со полн капацитет и вечерва ќе продолжат да вршат тешки напади на Блискиот Исток, како што тоа го правеше и минатата година“, рече тој.

Хагари не прецизираше дали Иран ќе биде цел на нивните напади на Блискиот Исток.

Портпаролот на израелската армија претходно денеска изјави дека ќе одговори на иранскиот ракетен напад.

„Ќе има последици за овие напади. Имаме наши планови и ќе преземеме акција каде и кога ќе избереме“, рече тој.

На прашањето дали во блиска иднина ќе биде извршен напад врз Иран, тој одговори дека „тие се подготвени на највисоко ниво“.

Израелската војска претходно објави дека граѓаните би можеле да ги напуштат засолништата по завршувањето на иранскиот ракетен напад.

Во соопштението на израелската војска се наведува дека по проценката на ситуацијата, „на луѓето ширум земјата им било дозволено да ги напуштат засолништата и заштитените подрачја“.

На видеото што го сподели армијата може да се види дека Халеви и командантите ја следеле ситуацијата од просторија налик на засолниште.

Иранската револуционерна гарда претходно објави дека извршила напад врз Израел со десетици балистички ракети.

По лансирањето на ракетата, сирените се огласија низ Израел, вклучувајќи го и Тел Авив.

TRT Balkan / агенции
Популарни