Најмалку 760 Палестинци се убиени од оган на израелската армија по 7. октомври на Западниот Брег / Photo: AA

Палестинско момче беше убиено во вторникот вечерта од оган на израелската армија за време на рација во градот Наблус во северниот дел на Западниот Брег.

„Единаесетгодишното момче Абдула Џамал ​​Хаваш им подлегна на тешките повреди здобиени од оган од израелската армија“, се наведува во соопштението на палестинското Министерство за здравство.

Очевидци за Анадолу Агенција изјавија дека израелска специјална единица, преправена како цивили, извршила рација во Стариот град Наблус.

„Специјалците се во Стариот град, по што окупаторската војска испрати засилување за поддршка на специјалната единица“, додаваат очевидците.

Палестинската новинска агенција ВАФА објави дека специјалните сили извршиле рација во населбата Карјун во Стариот град.

Во текот на изминатите неколку години, израелската армија врши редовни рации и напади на Западниот Брег, кои дополнително ескалираа од почетокот на војната во Појасот Газа на 7 октомври 2023 година.

Оттогаш, најмалку 760 Палестинци се убиени, а повеќе од 6.250 се ранети од оган на израелската армија на окупираната територија, според податоците на Министерството за здравство.

AA
Популарни