Израелската армија уби 11 Палестинци во рациите спроведени во северниот окупиран Западен Брег ова утро.
Палестинското Министерство за здравство соопшти дека шест лица во градот Џенин и уште пет други во Тубас биле убиени во одделни упади на израелската армија.
Израелската армија потврди дека вршела воени рации во неколку области на северниот дел на Западниот Брег, вклучително и во Џенин, Тубас и Тулкарем.
Палестинските групи, вклучително Хамас и Исламски џихад, објавија дека нивните борци биле вклучени во судири со израелските сили во Џенин и Тулкарем.
Во текот на изминатите неколку години, израелските сили спроведуваа редовни рации на Западниот Брег, кои ескалираа по почетокот на израелската војна во Газа на 7 октомври минатата година. Во израелските брутални бомбардирања и гранатирања досега се убиени повеќе од 40.470 Палестинци.
Палестинците, исто така, на Западниот Брег се цел и на нападнати од нелегалните израелски доселеници.
Во Западниот Брег од 7 октомври досега се убиени најмалку 662 Палестинци, а речиси 5.400 се повредени од истрели на израелската армија, објави палестинското Министерството за здравство.
Меѓународниот суд на правдата на 19 јули ја прогласи повеќедецениската окупација на Палестина од страна на Израел за незаконска и побара евакуација од сите постоечки населби на Западниот Брег и од Источен Ерусалим.