Израелската армија денеска уби најмалку тројца Палестинци јужно од Џенин на окупираниот Западен Брег. Нападот се случи за време на рацијата на израелските сили во градот Кабатија во близина на Џенин.
Повикувајќи се на локални извори, новинската агенција ВАФА објави дека израелските сили опколиле куќа во градот и им наредиле на оние што биле внатре да се предадат пред да отворат оган врз куќата.
Десетици семејства ги напуштија своите домови во областа поради овој напад.
На видеата споделени од активисти на социјалните мрежи се гледаат три трупови на покривот на една куќа и израелските сили како пукаат во нив. Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека израелските сили ги спречиле медицинските лица да стигнат до опколената куќа.
Тензиите се зголемуваат низ окупираниот Западен Брег по смртоносната офанзива на Израел врз Појасот Газа, во која загинаа речиси 41.300 луѓе, главно жени и деца.
Најмалку 710 Палестинци се убиени на Западниот Брег од 7 октомври минатата година, а речиси 5.700 се повредени.