Израелската полиција ја нападна екипата на ТРТ Њуз која ги снимила моментите кога полицијата ги тепала Палестинците кои се обиделе да стигнат до џамијата Ал Акса во окупираниот Источен Ал-Кудс (Ерусалим).
Како и секој петок, израелската полиција од утрото е распоредена со железни бариери околу и пред портите на Стариот град на окупираниот Источен Ал-Кудс, каде што се наоѓа џамијата Ал Акса.
Израелската полиција го проверуваше идентитетот на оние кои дојдоа на петочната молитва, особено на палестинската младина и спречи некои од нив да стигнат до Ал Акса.
Судирите избија кога израелската полиција се обиде да спречи некои Палестинци да стигнат до Ал Акса. Полицијата со палки ги тепала Палестинците. На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од крвавата облека на повредените.
Израелската полиција ја нападна и екипата на ТРТ Њуз која ги сними овие моменти, Kамерманот Омер Авад падна на земја од туркањето на полицијата.
Од канцеларијата на ТРТ Ерусалим истакнаа дека екипата на ТРТ Њуз во повеќе наврати ги покажувалa своите прес-картички со валидна акредитација во Израел.
И покрај израелските ограничувања, 35.000 муслимани клањаа петочна молитва во џамијата Ал Акса.
Израелската полиција воведе строги ограничувања спречувајќи илјадници луѓе да се молат во џамијата Ал Акса од 7 октомври минатата година, кога почнаа нападите врз Појасот Газа.