Израелската армија изврши рација во неколку градови и области низ окупираниот Западен Брег, апсејќи десетици Палестинци.
Очевидци за Анадолу изјавија дека израелската армија извршила рации во градовите Рамала, Калкилија, Тубас, Хеброн, Наблус, Џенин и други области, при што упаѓала во домовите за да уапси Палестинци.
„Во градот Тубас, израелската армија изврши рација во неколку домови, што предизвика судири со Палестинците“, изјавија очевидци.
Во градот Калкилија, рацијата траеше неколку часа, а боева муниција беше употребена за да се потиснат Палестинците кои се судрија со израелските сили. Најмалку тројца Палестинци беа уапсени од израелската армија во тој град.
Според очевидци, неколку Палестинци биле уапсени во градовите Наблус и Тулкарем.
Засега нема информации за жртви на палестинска страна.
Најмалку 394 Палестинци од Западниот Брег се убиени од израелските сили и доселеници од 7. октомври, додека повеќе од 4.440 се ранети.
Тензиите се зголемија низ Западниот Брег откако Израел започна смртоносна воена офанзива против Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.
На 26 јануари, Меѓународниот суд на правдата пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било активности поврзани со убивање, напад и уништување на жителите на Појасот Газа и да ги преземе сите мерки за да го спречи геноцидот, по барањето за геноцид поднесено од Јужноафриканска Република.
Сепак, израелските сили продолжуваат да го напаѓаат Појасот Газа.
Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври досега загинаа 28.473 Палестинци.