Две палестински деца, повредени во огнот што го отворија израелските војници во градот Џенин на окупираниот Западен Брег, починале во болница.
Израелските војници во вечерните часови упадналe во градот Јабед, југозападно од градот Џенин, објави официјалната палестинска новинска агенција ВАФА.
Две деца, ранети и хоспитализирани по интервенцијата на израелските војници со боева муниција и солзавец во толпата која реагираше на рацијата, ги загубија животите.
Од 7 октомври 2023 година, кога Израел го започна својот напад врз Појасот Газа, има зголемен број притворања, рации и напади врз Палестинците на окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим.
Во нападите на израелските војници и израелските доселеници загинаа 797 Палестинци на Западниот Брег и Источен Ерусалим од 7 октомври 2023 година.