Насилството избувнало кога израелските безбедносни сили, кои влегле во Наблус, биле забележани од палестинските безбедносни службеници.    Фото: Ројтерс

Израелските сили смртно застрелаа најмалку пет Палестинци за време на рациите на окупираниот Западен Брег во текот на вчерашниот ден.

Според палестинското Министерство за здравство, во градот Наблус биле застрелани четворица Палестинци, додека еден бил застрелан во Наби Салих, близу Рамала.

Министерството истакна дека 22 лица се ранети.

Како што јави Палестинската државна телевизија, насилството избувнало кога израелските безбедносни сили, кои влегле во Наблус, биле забележани од палестинските безбедносни службеници.

Подоцна, палестинското претседателство во изјава емитувана на државната телевизија остро го осуди инцидентот, нарекувајќи го воено злосторство.

Очевидци за Агенција Анадолија изјавија дека се одвивале тричасовни интензивни судири и се слушнале експлозии за време на операцијата на израелските сили против палестинската група која себеси се нарекува „Лавовска дупка“.

Во меѓувреме, израелската армија, службата за безбедност и полицијата соопштија дека извршиле рација во засолниште што го користела групата „Лавовско дупка“ како лабораторија за производство на експлозиви.

На 12 октомври групата соопшти дека е одговорна за вооружениот напад во кој загина еден израелски војник.

Според Обединетите нации (ОН), над 100 Палестинци се убиени од израелски оган од почетокот на годината, што е најголемиот биланс на окупираниот Западен Брег за речиси седум години.

AA
Популарни