Израелските сили повторно извршија напад во џамијата Ал Акса / Photo: AA

Израелските сили втора ноќ по ред извршија упад во комплексот на џамијата Ал Акса во окупираниот Источен Кудс (Источен Ерусалим) и ги нападнаа палестинските верници.

Очевидци за агенцијата Анадолу (АА) изјавија дека израелските сили во храмот Ал-Кибли во комплексот на џамијата Ал-Акса по терави намаз (молитва во текот на месец Рамазан), фрлајќи шок бомби и напаѓајќи Палестинци.

Во меѓувреме, палестинската Црвена полумесечина во Кудс соопшти дека нивните медицински тимови во комплексот на џамијата Ал Акса примиле на лекување шест Палестинци, од кои двајца се префрлени во болница.

Според израелскиот весник „Једиот ахронот“, Палестинците фрлале камења и огномет врз израелските сили.

Претходно утрово, израелската полиција нападна Палестинци во рамките на молитвениот простор Ал-Кибли во комплексот на џамијата Ал-Акса откако еврејските доселеници повикаа на рација во џамијата. Израелската полиција уапси околу 350 верници од внатрешноста на џамијата.

Според Комисијата за прашања на палестинските затвореници, израелската полиција почнала да ги ослободува затворениците под услов една недела да ја напуштат џамијата Ал Акса и градот Кудс.

.Израелските сили и еврејските доселеници често вршат упади во џамијата.

За муслиманите, Ал Акса претставува трето најсвето место во исламот.

Израел го окупира Источен Ерусалим (Источен Кудс) за време на Арапско-израелската војна во 1967 година. Го анектира целиот град во 1980 година.

TRT Balkan / агенции
Популарни