Израелските сили застрелале и убиле две деца во Џенин на окупираниот Западен Брег.
Нападот на израелските сили врз градот Џенин на северот на Западниот Брег продолжува.
Палестински извори соопштија дека израелските сили го прогласиле градот Џенин и истоимениот бегалски камп за „затворена воена зона“ и наведоа дека за време на рацијата биле уапсени многу Палестинци.
Палестинското Министерство за здравство соопшти дека израелските сили пукале со боеви куршуми и убиле две палестински деца во Џенин.
Палестинската Црвена полумесечина извести дека едно од децата убиени од израелските сили имало девет години.
На видеото од нападот од безбедносна камера се гледа дека едно од палестинските деца, кое се обидувало да побегне, било застрелано и паднало на земја.
На видеото се гледа и палестинско дете кое лежи на земја и го носи пријател пред автомобилот во близина.
На окупираниот Западен Брег и Источен Ал-Кудс (Ерусалим) од 7 октомври, 244 Палестинци беа убиени во нападите на израелските сили и еврејските доселеници.