Израелските сили убиле тројца Палестинци во градот Наблус      Фото: АА

Израелските сили убиле тројца Палестинци во градот Наблус на окупираниот Западен Брег, два дена откако смртоносните израелски воздушни напади врз Газа беа прекинати со примирје.

Во соопштението на Министерството за здравство на Палестина се вели дека 40 други лица се повредени во рацијата, од кои четворица се во критична состојба.

Израелската армија соопшти дека Ибрахим ал Набулси, припадник на бригадите на Мачениците на Акса, вооруженото крило на групата Фатах, бил убиен во рацијата.

Во соопштението се вели дека израелските војници го опколиле домот на Ал Набулси, што довело до размена на истрели.

„Израелските сили употребија ракети лансирани од рамо во објектот во кој се криеше Ал Наблуси“, соопшти Армијата.

Не постојат информации за повредени меѓу израелските војници.

Израелската армија го товари Ал Набулси дека извршил напади врз израелските сили во Наблус.

Рацијата се случува два дена откако прекинот на огнот со посредство на Египет стави крај на тридневните израелски воздушни напади врз Појасот Газа, во кои загинаа 45 Палестинци, а десетици беа повредени.

AA
Популарни