Израелските војници ранија 11 Палестинци во градот Наблус на северот од окупираниот Западен Брег.
Во соопштението на Црвената полумесечина на Палестина се наведува дека при интервенција на израелските сили, 11 Палестинци биле повредени со боева муниција и гумени куршуми во населбите на истокот на Наблус и во бегалскиот камп Балата.
Се додава дека израелските војници спречиле да му се пружи медицинска помош на младо лице кое било повредено од вистински куршуми на влезот во Наблус.
Десетици луѓе во регионот исто така биле изложени на солзавци испукани од израелските сили.
Палестинските момчиња со палење гуми ги блокирале патиштата по кои се движеле израелските војници во Наблус.
Израелските сили извршија рација во област источно од Наблус за да обезбедат заштита на еврејските доселеници кои сакаа да вршат верски церемонии.