Најмалку 8.800 Палестинци, меѓу кои 80 жени, се наоѓаат во израелските затвори / Photo: AA

Еден Палестинец е убиен во четвртокот во пукање на израелската армија во близина на градот Џенин на Западниот Брег, објави официјалната новинска агенција Вафа.

Не се дадени детали за околностите кои довеле до неговата смрт.

Очевидци претходно изјавија дека израелските сили извршиле рација во градот Џаба во близина на Џенин и опколиле куќа.

Министерството за здравство соопшти дека со оваа смрт се искачи на 343 бројот на Палестинци убиени од израелските сили на Западниот Брег од 7 октомври.

Израелската Армија денес приведе уште 28 Палестинци во воените напади на окупираниот Западен Брег, соопштија групите за прашања на затворениците.

„Приведувањата се проследени со малтретирање, тешко тепање и закани кон затворениците и нивните семејства, како и со уништување на домови“, се вели во заедничката изјава на Дирекцијата за прашања на затворениците и поранешните затвореници и Здружението на палестински затвореници.

Со новите приведувања, бројот на Палестинците приведени од Израел на Западниот Брег од 7 октомври се зголеми на 5.810.

Податоците објавени од двете групи минатиот месец покажуваат дека најмалку 8.800 Палестинци, меѓу кои 80 жени, се наоѓаат во израелските затвори.

Тензиите се високи низ Западниот Брег откако Израел започна брутални воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.

Нападите го оставија Појасот Газа во урнатини. Околу 60 отсто од инфраструктурата на палестинската енклава е оштетена или уништена, а околу два милиони жители се раселени.

Досега во нападите се убиени 23.357 Палестинци, а 59.410 се ранети.

AA
Популарни
Оваа страница користи колачиња. Продолжувајќи да ја пребарувате страницата, се согласувате со употреба на колачиња.Политика за колачиња
Прифати