Калин: Финска и Шведска да преземат дополнителни чекори на патот кон НАТО / Photo: AA

Финска и Шведска би требале да преземат чекори за да ја решат загриженоста на Туркије, изјави гласноговорникот на кабинетот на турскиот претседател Ибрахим Калин.

„Наше природно право е да очекуваме од нашите сојузници и другите пријателски земји да преземат слични чекори во врска со безбедносните грижи на Туркије, токму како што сериозно ги сфаќаме безбедносните грижи на другите земји членки на НАТО и други пријателски и сојузнички држави и веднаш делуваме немилосрдно против заканите со кои се соочуваат“, рече Калин синоќа во изјава за новинарите во седиштето на НАТО во Брисел.

Калин ова го изјави по состанокот на претставниците на земјите учесници на Трилатералниот механизам, Туркије, Финска и Шведска во Брисел, на кој се разговарало за развојот на настаните во врска со имплементацијата на обврските преземени со трилатералниот меморандум кој е потпишан во јуни во 2022 година на Самитот на НАТО во Мадрид.

Калин рече дека состанокот поминал во „позитивна“ атмосфера.

„Одредени чекори на Финска и Шведска во некои области се задоволувачки, што Туркије го поздравува. Секако, процесот уште не е завршен. Исто така изразивме очекување дека треба да се преземат потребните правни, судски, административни и разузнавачки чекори, особено во целта на спречување на финансирањето на тероризмот, регрутирање, пропагандата на тероризмот и поттикнување на насилството“, нагласин Калин. Шведска и Финска формално поднесоа барање за придружување во НАТО во мај минатата година, напуштајќи ја децениската воена неутралност, што е одлука поттикната од руската војна против Украина, која почна на 24 февруари 2022 година. Меѓутоа, Туркије, која е членка на НАТО повеќе од 70 години, изнесе приговори, обвинувајќи ги овие две држави дека толерираат па дури и поддржуваат терористички организации, вклучувајќи ги терористичката организација ПКК и терористичката организација ФЕТО, која стои зад обидот за државен удар во Туркије на 15 јули во 2016 година.

Во јуни минатата година, Туркије и двете нордиски држави потпишаа меморандум на самитот на НАТО за да се посветат на легитимните безбедносни грижи на Анкара, отворајќи го патот на нивното конечно членство во алијансата.

Во меморандумот, Шведска и Финска се согласија дека нема да пружаат поддршка на ЈПГ/ПЈД и ФЕТО, деќа ќе ги спречат сите активности на терористичките организации, испорачувајќи ги осомничените за тероризмот, да воведат нови закони за казнување на терористичките злосторства и дека нема повеќе да спроведуваат национален ембарго на оружје помеѓу трите држави.

Иако го усвои законот за измени на законот за борба против тероризмот и отстранување на ембаргото на оружјето на Туркије, Шведска допрва треба да ги исполни деловите на договорот кој се однесуваат на спречување на терористичките активности и испорачување на Анкара на осомничените за тероризам.

TRT Balkan / агенции
Популарни