Џинпинг ќе присуствува на самитот на економскиот блок во развој на покана на рускиот претседател Владимир Путин / Photo: Reuters Archive

Кинескиот претседател Кси Џинпинг следната недела ќе отпатува за Русија за да присуствува на самитот на БРИКС во Казан, објави денеска Министерството за надворешни работи.

Џинпинг ќе присуствува на самитот на економскиот блок во развој на покана на рускиот претседател Владимир Путин, изјави портпаролката на министерството Хуа Чунјинг.

Претстојниот 16-ти самит на лидерите на земјите-членки на БРИКС ќе се одржи меѓу 22 и 24 октомври во Казан и најверојатно ќе се фокусира на клучните прашања, вклучувајќи финансирање, технологија, трговија со храна и проширување на членството.

На самитот ќе присуствува и индискиот премиер Нарендра Моди.

Се очелува на настанот во полуавтономната руска Република Татарстан, да учествуваат претставници од 32 земји, вклучително и 24 државни лидери.

БРИКС, составен од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, неодамна се прошири за да ги вклучи Египет, Етиопија, Иран и Обединетите Арапски Емирати.

Рускиот претседател Путин претходно откри дека 34 дополнителни земји, вклучително и Туркије, изразиле интерес за приклучување кон блокот.

Експертите предвидуваат дека самитот ќе стави значителен фокус на проширувањето на БРИКС.

TRT Balkan / агенции
Популарни