ЦДУ инсистираше предвремените избори да се одржат најдоцна до февруари следната година / Фото: DPA

Германската владејачка партија и главната опозициска партија постигнаа договор за одржување предвремени избори на 23 февруари 2025 година.

„Социјалдемократската партија (СПД) на канцеларот Олаф Шолц, нејзиниот коалициски партнер Зелените и опозициската Христијанско-демократска унија (ЦДУ/ЦСУ) постигнаа договор за датумот на предвремени избори за време на преговорите во Берлин“, објави германската новинска агенција ДПА.

Договорот беше постигнат по помалку од една недела по колапсот на левичарско-либералната коалициска Влада на Шолц поради споровите со либералните Слободни демократи (ФДП) околу економската политика.

Шолц минатата недела изјави дека би можел да побара гласање за доверба на Владата во јануари, со што ќе се отвори патот за предвремени избори во март.

Сепак, ЦДУ инсистираше предвремените избори да се одржат најдоцна до февруари следната година.

По овој компромис, конечната одлука за датумот на изборите ќе ја донесе германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој има клучна улога во процесот на распуштање на Парламентот и распишување избори.

AA
Популарни