Кобахидзе ја презеде функцијата премиер во февруари оваа година, неговата партија Грузиски сон освои 54 отсто од гласовите на изборите во октомври / Photo: Reuters

Грузискиот парламент денеска одобри премиерот на таа земја, Иракли Кобахидзе, да остане на функцијата и покрај тоа што членовите на опозицијата повикаа на бојкот во знак на протест против резултатите од минатомесечните парламентарни избори.

Дополнително, за нов министер за надворешни работи е избран Мак Бочоросвили, а за нов министер за правда Анри Оканашвили.

Кобахидзе ја презеде функцијата премиер во февруари оваа година.

Грузиската Централна изборна комисија објави дека неговата партија Грузиски сон освоила околу 54 отсто од гласовите на изборите во октомври, а лидерите на партијата ги отфрлија тврдењата на опозицијата за измама.

Пратениците од опозицијата и грузиската претседателка Саломе Зурабишвили ја бојкотираа конститутивната седница на парламентот.

Европските набљудувачи на изборите рекоа дека гласањето се одвивало во атмосфера на „поделби“ обележана со случаи на поткуп, двојно гласање и физичко насилство.

ЕУ го суспендираше процесот на аплицирање за членство на Грузија на неодредено време во јуни, откако парламентот усвои закон со кој се бара организациите кои добиваат повеќе од 20 отсто од своето финансирање од странство да се регистрираат како „ги извршуваат интересите на странска сила“.

TRT Balkan / агенции
Популарни