Кои држави прогласиле банкрот и што значи тоа за економијата      Фото: TRT Balkan

Едни прогласиле банкрот, други се на работ или во опасната зона. Војни,инфлации, плаќање воени репарации па дури и воведување на биткоинот како официјална државна валута се причините поради кои државите се нашле во ваква ситуација.

Во случај на банкрот државата не е во можност да ги плаќа задолжувањата и има потреба од помош од постоечки и идни кредитори, но не за нови кредити туку за отплата на главнината на претходниот долг.

Германија, Русија, Исланд се само дел од државите кои се нашле во таква ситуација. Аргентинците се рекордери во банкроти.

Украина во време на војна се справува со репрограмирање на долгот, Шри Ланка е пред договор со ММФ за само 10 проценти од вкупниот долг, Ел Салвадор е пред економски колапс.

Египет, Тунис, Кенија, Гана, Етиопија исто така се на листата на земји за кои неизвесно е до кога ќе можат да ги сервисираат задолжувањата.

Германија 92 години исплаќаше воена репарација

Економските експерти лошата финансиска ситуација за Германија ја поврзуваат со годините по Првата и Втората светска војна и воените репарациии кои морала да ги плаќа како поразена страна. Германија во дваесеттите години на минатиот век банкротирала токму поради неможноста да ја плати воената оштета во износ од тогашни 269 милиони германски марки.

Дури 92 години по Версајскиот договор, односно во 2010 година, Германија ја исплати последната рата од воената репарација. Економските шокови предизвикани од хиперинфлацијата по Првата светска војна, само се зголемија по Втората светска војна. Националната валута во 1945 година немаше никаква вредност, а истовремено се печатеа се повеќе пари.

Руски банкрот во 1998

И Русија во 1998 година се најде во ситуација кога не можеше да го отплаќа својот долг. Руската Влада ја девалвираше рубљата, а тоа беше предизвикано од падот на цената на нафтата. Долгот на Русија изнесуваше 140 милијарди долари. И Советскиот Сојуз во 1918 под раководство на Ленин одбил да ги плаќа долговите од времето на руските цареви.

Аргентина рекордер во банкроти

Аргентина е веројатно меѓу светските рекордери во банкротирање. Од прогласувањето на независност од Шпанија во 1918 година, Аргентина банкротирала девет пати. Во сите случаи не можела да ги отплати своите долгови кои со нови камати постојано биле репрограмирани.

Договорот за реструктуирање на долгот со ММФ веќе предизвикува штрајкови, социјални немири, недостаток на основни продукти. Државните резеви се мали, вредноста на пезосот опаѓа, а постои можност и за откажување на идните аранжмани со ММФ. Значителен дел од долгот Аргентина ќе треба да го врати по 2024 година. Во 2022 година надворешниот долг на Аргентина изнесува 45 милијарди долари.

Исланд брзо се извлече

Исланд во 2008 година се соочи со банкрот на околу 85 отсто од финансискиот систем. Исландската круна девалвираше и по 300 %. Овој банкрот се смета и за еден од најголемите во историјата со оглед на големината на исландската економија. Во Исланд во тоа време приватните банки беа со неколкукратно поголем потенцијал од исландската државна економија, што е преседан.

Сепак тие се соочија со одлив на депозити. Не можеа да дојдат до капитал и на меѓународниот пазар. Исланд беше принуден да ги остави банките да банкротираат, а потоа да ги национализира. За брзо Исланд склучи и аранжман со ММФ кој почна да се применува од 2009 година. Тој предвидуваше и јакнење на националната валута и резервите на народната банка, зголемување на даноците и намалување на расходите.

Плаќањето со биткоини опасност за Салвадор

Ел Салвадор е првата држава која го одобри биткоинот како законско средство за плаќање. Тоа се случи минатата година. Претседателот Најиб Букеле кој е приврзаник на криптовалутите околу одлуката за воведување на биткоинот тој не ги консултираше ниту граѓаните, ниту државните органи.

Потег на претседателот Најиб Букеле доведе до тоа Салвадор да се најде во ситуација во која е неизвесно дали ќе може да ги исплати обврските кон меѓународните финансиери поради опаѓањето на вредноста на биткоинот. Може да се најде пред банкрот. 1,6 милијарди долари во обврзници доспеваат во 2023 и 2025 година.

Украина со долг од 130 милијарди долари

Украина поради руската инвазија од меѓународните кредитори побара замрзнување на исплатата долгот на две години за да ги насочи се помалите финансиски средства на воениот судир со Русија.

Според податоците од Светската банка, на крајот на 2020 година, Украина имала 130 милијарди долари надворешен долг. Земјата се надева на замрзнување на долг од 20 милијарди американски долари. Во септември доспеваат исплати на обврзници од 1,2 милијарди долари.

Долгот во Египет 95 проценти од БДП

Политичките превирања во Тунис придонесуваат оваа држава да не може да ги сервисира обврските кон ММФ. Заедно со Украина и Ел Салвадор, Тунис е најголем неплаќач на “Морган и Стенли”.

Во Гана долгот изнесува 85 проценти од БДП. Националната валута изгуби една четвртина од вредноста. Повеќе од половина од даночните приходи одеа за плаќања на камати на постоечки долг. Инфлацијата достигна 30 проценти.

Долгот во Египет изнесува 95 проценти од БДП. Се проценува дека државата има долг од 100 милијарди долари кој треба да се плати во следните пет години и обврзница од 3,3 милијарди долари до 2024 година.

Во Кенија 30 проценти од приходите одат за отплата на долговите. Обврзницата од 2 милијарди долари пристигнува во 2024 година. Етиопија ја сервисира обврзницата од 1 милијарда долари, но граѓанската војна го намали интензитетот на отплатата.

TRT Balkan
Популарни