Филип Лазарини, главниот комесар на Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци на Блискиот Исток (УНРВА), изјави дека Појасот Газа под израелските напади се претворил во детски гробишта.
Лазарини се огласи на социјалните мрежи за маките на палестинските деца по повод Светскиот ден на правата на децата.
Посочувајќи на Конвенцијата за правата на детето, Лазарини потсети дека со тој чекор меѓународната заедница се обврза да ги почитува и поддржи правата на децата.
И покрај тоа, правата на палестинските деца се кршат секојдневно.
„Газа се претвори во детски гробишта. Убивани, ранети, насилно раселени, лишени од безбедност, образование и игра. Детството им беше украдено и тие се на пат да станат изгубена генерација, која ќе изгуби уште една година од образованието“, рече Лазарини.
Тој истакна и дека децата на окупираниот Западен Брег живеат во страв и вознемиреност и оти повеќе од 170 деца се убиени во нападите на израелските сили од 7 октомври 2023 година.
Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври загинаа 43.985 Палестинци, вклучувајќи приближно 17.492 деца и 11.979 жени, а ранети се 104.092 луѓе.
Во тие напади, повеќе од 35 илјади деца во Газа ги загубија своите родители или барем еден од нивните родители.