Кремљ го обвини Обединетото Кралство дека ги „насочувало и координирало“ експлозиите на гасоводите „Северен тек“.
„Нашите разузнавачки служби имаат податоци кои укажуваат дека британски воени специјалисти го насочувале и координирале нападот“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Постојат докази дека Британија е вмешана во саботажа, во терористички напад врз витална енергетска инфраструктура, не само руска, туку и меѓународна“.
Украина бара исфрлање на Русија од Г20
Портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи изјави дека Русија треба да биде исфрлена од групата Г20 големи и дека поканата на претседателот Владимир Путин за самитот на Г-20 на Бали следниот месец мора да биде отповикана.
„Путин јавно призна дека наредил ракетни напади врз украинските цивили и енергетската инфраструктура“, напиша на Твитер портпаролот Олег Николенко.
„Со рацете натопени во крв, не смее да му се дозволи да седне на маса со светските лидери. Поканата на Путин за самитот на Бали мора да биде отповикана, а Русија да биде исфрлена од Г20“.
Русија ја прошири зоната за евакуација во регионот Херсон
Официјални лица поддржани од Русија во украинската област Херсон изјавија дека ќе започнат со евакуација на граѓаните од источниот брег на реката Днепар, повторувајќи ги тврдењата што ги отфрли Киев дека Украина би можела да се подготвува да ја нападне браната Каховка и да го поплави регионот.
Во објава на Телеграм, Владимир Салдо, шефот на регионот поддржан од Русија, кој е делумно окупиран од руските сили, рече дека ја проширува областа за евакуација во регионот и за првпат ги праша цивилите на источниот дел на реката да ги напуштат своите домови.
Новата област ќе опфати дополнителна зона од 15 километри околу реката Днепар, која го дели регионот Херсон, за да вклучи уште седум населби, рече Салдо.