„Бараме брзо отворање меѓународна истрага за ова прашање“ / Фото: AA

Состојбата на некои тела на цивили пронајдени во масовните гробници во Медицинскиот комплекс Насер во Хан Јунис, јужниот дел на Појасот Газа, предизвикува сомнение за израелска кражба на органи, изјави денес палестинскиот официјален претставник Мохамед Ал-Мугаер, пренесува Анадолу.

„Некои тела се пронајдени со врзани раце, со отворени стомаци и шиени на начин што не е во согласност со вообичаените методи за шиење рани во Газа, што предизвикува сомнение дека недостигаат некои органи“, рече Мохамед Ал-Мугаер, директор на Одделот за набавка на Агенцијата за цивилна заштита во Газа.

Тој додаде дека се пронајдени и тела на маж и на осакатена млада девојка без екстремитети во болнички наметки, што предизвикува сомнение дека се закопани живи.

Ал-Мугајер, исто така, рече дека „рацете на некои од телата биле пронајдени врзани, а труповите имале бели облеки што ги користела израелската армија како облека за затворениците во болницата Насер, со траги од прострелни рани на главата, што го зголемува сомнението во ликвидации на терен“.

„Најдовме и многу тела завиткани во црни и сини најлони, кои се разликуваат од бојата на ќебињата што се користат во Газа, што поттикна сомнение дека целта на окупацијата е да се подигне температурата на телата за да се забрза нивното распаѓање и да се скријат доказите“, додаде палестинско официјално лице.

Тој смета дека сите докази досега „покажуваат дека окупаторите извршиле злосторства против човештвото и егзекуции на терен во просториите на болницата“.

„Бараме брзо отворање меѓународна истрага за ова прашање“, додаде тој.

Палестинските тимови за цивилна заштита досега извлекоа 392 тела од болницата Насер во Хан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа.

Телата се откриени откако израелската армија се повлече од Хан Јунис на 7 април, по четиримесечната копнена офанзива во градот.

Израел започна офанзива во Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври. Оттогаш во енклавата се убиени повеќе од 34.300 Палестинци.

Според податоците на Обединетите нации (ОН), израелската војна во Газа принуди 85 отсто од населението внатрешно да се раселат, предизвика акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за гарантирање дека хуманитарната помош ќе стигне до цивилите во Газа.

AA
Популарни