Објавени се детали од документите што ќе се случува во Велика Британија кога кралицата ќе почине.     Фото: АА

Денот Д

Во часовите по смртта на кралицата, за се беа известени премиерот, секретарот на кабинетот (највисокиот британски државен службеник) и еден од бројните највисоки министри и службеници. Премиерката ја известил приватниот секретар на кралицата, кој исто така го извести Кабинетот на тајниот совет кој ја координира работата на владата во име на монархот.

Интерно, тој ден е наречен „Денот Д“. Секој нареден ден ќе се нарече Д+1, Д+2 и така понатаму. Кралската палата издаде „официјално соопштение“ со кој веста е доставена во јавноста.

Министрите и високите службеници добија мејл од секретарот на кабинетот чиј нацрт гласи: „Почитувани колеги, со тага пишувам да ве известам за смртта на Нејзиното Величество Кралицата“. По приемот на мејлот, знамињата ширум Вајтхол се спуштени на половина копје. Целта беше тоа да се направи во рок од 10 минути.

Во вежбата спроведена пред неколку години, Даунинг Стрит изрази загриженост дека тоа ќе биде невозможно, бидејќи не вработува службеник за знаме и не беа сигурно дека тука секогаш ќе биде некој присутен да го спушти знамето. Заседавањето на британскиот парламент и децентрализираните законодавни тела во Шкотска, Велс и Северна Ирска се прекинати.

Во согласност со модерното време, се мислеше и на социјалните мрежи.

Интернет страницата на кралското семејство објави црна страница со кратка изјава која ја потврдува нејзината смрт. Сите страници на социјални мрежи на владините ресори покажуваат црн банер. Содржината која не е итна - нема да биде објавувана. Кралското семејство ќе објави планови за погребот на кралицата кој ќе биде одржана 10 денови по нејзината смрт.

Премиерката беше првиот член на владата кој даде изјава. Сите останати членови на владата не смеат ништо да коментираат додека премиерот не се огласи. Ќе биде прогласена национален минутен молк.

Денот Д+1

Во 10 наутро, ден по смртта на кралицата, Советот за пристапување-кој вклучува високи владини личности - се состанува во палатата Сент Џејмс за да го прогласат Чарлс за нов суверен. Стотица тајни советници, вклучувајќи го премиерот и министрите, ќе бидат замолени да присуствуваат. Никој не смее да носи било какви украси.

Прогласот потоа ќе биде прочитан во палатата Сент Џејмс и во Кралската размена во Лондон, со што Чарлс ќе биде потврден за крал.

Парламентот ќе се состане за да договори порака на сочувство. Сите останати работи на парламентот ќе бидат стопирани на 10 дена. Пратениците ќе оддадат почит на кралицата во Долниот дом.

Во 15:30 часот премиерот и Кабинетот ќе имаат аудиенција кај новиот крал. На министрите ќе им биде кажано да не ги носат своите сопружници.

Денот Д+2

Ковчегот на кралицата ќе биде пренесен во Бакингемската палата. Ако кралицата почине во Сандрингем, нејзината резиденција во Норфолк, во источна Англија, телото со кралскиот воз ќе биде пренесено до станицата Ст Панкрас во Лондон, каде нејзиниот ковчег ќе го дочека премиерот и министрите од кабинетот.

Ако почине во Балморал во Шкотска, ќе биде активирана операцијата „Еднорог“ што значи дека нејзиното тело ќе биде пренесено во Лондон со кралскиот воз што е можно поскоро.

Во спротивно, ќе се покрене друга операција која означува дека ковчегот ќе биде пренесен со авион. Премиерот и министрите ќе присуствуват на примерот по повод пречекот на ковчегот со телото на кралицата.

Прогласите ќе се читаат во децентралираните управи. Оддавањето почест веројатно ќе продолжи во парламентот.

Ден Д+3

Наутро кралот Чарлс ќе прима сочувства во Вестминстер Хол. Попладне ќе тргне на турнеја по Обединетото Кралство, почнувајќи од посетата на шкотскиот парламент и службата во катедралата во Единбург.

Ден Д+4

Чарлс ќе допатува во Северна Ирска, каде ќе прима сочувства во кулата Хилсборо и ќе присуствува на службата во катедралата на Света Ана во Белфаст. Ќе се одржи проба за операцијата „Лав“, поворка на ковчегот од Бакингемската палата до Вестминстерската палата.

Ден Д+5

Поворката од Бакингемската палата до палатата Вестминстер ќе се одвива по свечена рута преку Лондон. Вп Вестминстер Хол ќе биде одржана служба по доаѓањето на ковчегот.

Ден Д+6 до Ден Д+9

Телото на кралицата ќе лежи во палатата Вестминстер три дена, во операцијата со кодно име „Перо“. Нејзиниот ковчег ќе биде изложен на подигнатата кутија позната како катафалк среде Вестминстер Хол, кој ќе биде отворен за јавноста 23 часа дневно. Влезниците ќе бидат издавани за ВИП личности за да тие не би можеле да имаат свои термини.

На Денот Д+6 ќе биде одржана пробата за државната погребна поворка. Денот Д+7 е денот кога кралот Чарлс ќе отпатува во Велс за да прими сочувства и во велскиот парламент и за да присуствува на служба во катедралата Ландаф во Кардиф.

Во овој период владините оддели ќе бидат преокупирани со бројните подготовки за погребот. Документите покажуваат дека, иако владата има капацитет успешно да ги изврши сите работи околу погребот, постои страв дека тоа би можело да биде предизвикувачки.

Министерството за надворешни работи ќе има задача да организира доаѓања на шефовите на државите и ВИП лицата од странство.

Министерството за внатрешни работи е одговорно за безбедносните аранжмани, а секретаријатот на владата за национална безбедност и разузнавачките служби ќе бидат во состојба на приправност за секоја зголемена закана од тероризмот.

Министерстовот за транспорт изрази загриженост дека бројот на луѓето кој можеби би дошол во Лондон би можел да предзивика големи проблеми во транспортната мрежа.

Премиерот и кралицата се договорија денот на државниот погреб да биде „Ден на национална жалост“.

Денот Д+10

Самиот погреб ќе биде одржан во Вестминстерската опатија. Напладне, ширум нацијата ќе бидат одржани две миниту молк. Церемониите ќе бидат одржани во Лондон и Виндсор.

Службата ќе биде одржана во Виндзор во капелата Сент Џорџ, а кралицата ќе биде погребана во Меморијалната капела на кралот Џорџ VI.

TRT Balkan / агенции
Популарни