Лукашенко: Русија почна да пренесува нуклеарно оружје во Белорусија             Фото: Ројтерс

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека Русија почнала да пренесува тактичко нуклеарно оружје во неговата земја.

„Моравме да подготвиме простори за складирање и работи. Ние го направивме ова, така што движењето на нуклеарното оружје веќе започна“, изјави Лукашенко за руската телевизија „Перви“.

Лукашенко, кој беше на патување во Москва, рече дека дел од оружјето можеби веќе е пренесен.

Тој одби да ги прецизира бројот на оружје и локациите на негово складирање во Белорусија и рече: „Не грижете се за нуклеарното оружје, ние сме одговорни за ова.“

Министрите за одбрана на Русија и Белорусија вчера потпишаа договор за распоредување на руско нуклеарно оружје во Белорусија, кој предвидува услови за негово чување во посебно складиште.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу рече дека како одговор на „агресивните“ активности на НАТО, тие распоредуваат воени контингенти, градат воена инфраструктура, ја зајакнуваат обуката и ги зголемуваат извидувачките активности на границите на Русија и Белорусија.

AA
Популарни