Од Домот за стари лица велат дека се ожалостени поради смртта на калуѓерката Рандон, додавајќи дека и самата долго време ја посакувала смртта.      Фото:  Ројтерс (видео)



Најстарата личност на светот, 118-годишната француска калуѓерка Лусил Рандон, почина вчера.

Како што објавија француските медиуми, службениците во Домот за стари лица во Тулон, на југот на Франција, каде што престојувала, изјавиле дека калуѓерката Рандон починала во својот кревет.

Од Домот за стари лица велат дека се ожалостени поради смртта на калуѓерката Рандон, додавајќи дека и самата долго време ја посакувала смртта.

Веќе долго време била речиси целосно слепа и во инвалидска количка. Лусил Рандон е родена во февруари 1904 година.

Таа ја носеше титулата најстара личност во светот од 25 април минатата година, а на почетокот на 2021 година дури и го преживеа Ковид-19.




TRT Balkan / агенции
Популарни