Екстремната десничарка и ривал на Макрон, Марин Ле Пен го исмеа назначувањето на Атал за премиер / Photo: AA

Францускиот претседател денеска го именуваше министерот за образование и млади за нов француски премиер.

„Претседателот на Републиката го назначи Габриел Атал за премиер и го задолжи за формирање на нова влада“, се вели во соопштението објавено од претседателството.

Претседателот Емануел Макрон на X му честиташе на Атал изразувајќи доверба во него.

Поранешниот претседателски кандидат и екстремно десничарски ривал на Макрон, Марин Ле Пен го исмеа назначувањето, пишувајќи на X

„Што може да се надева францускиот народ од овој четврти премиер и петта влада за седум години? Ништо“.

Левичарските политичари, вклучително и Оливие Фор и Жан-Лук Меланшон, исто така беа критични, велејќи дека Макрон „самиот успева“. Атал е наречен „мини-макрон“.

Матилда Панот од левичарската партија ЛФИ претходно го опиша Атал како „Макрон Јуниор, експерт за ароганција“.

Деновиве се очекува очекуваше реконструкција на кабинетот на Макрон.

По вчерашната оставка на Елизабет Борн како премиер, што е можеби првиот чекор во реконструкцијата, министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин рече дека сака да остане на својата функција барем до Олимписките игри во Париз летово.

„Јас сум човек од чест и должност и сакам да ја завршам започнатата работа“, им рече тој на новинарите во Париз, сигнализирајќи дека сака да ја задржи својата функција во новиот кабинет, според дневниот весник „Фигаро“.

По оставката на Борн Макрон објави порака на X во која и се заблагодарува за нејзината примерна служба за француската нација.

Борн беше назначена за премиер во мај 2022 година, а нејзиното заминување доаѓа по усвојувањето на нацрт-законот за имиграција кон крајот на минатата година.

Таа се соочи со критики за уставно заобиколување на парламентарното гласање кога отсуствуваше поддршката од мнозинството, вклучително и контроверзните пензиски реформи во првата половина на 2023 година.

Роден во 1989 година, новиот премиер на нацијата претходно беше владин портпарол и министер за јавни финансии. На 34-годишна возраст, можеби Атал ќе биде најмладиот премиер во светот.

AA
Популарни