Макрон го распушти Парламентот и распиша вонредни избори во Франција / Photo: AA

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, вчера го распушти народното Собрание и распиша вонредни избори откако крајно десничарското Национално обединување ѝ нанесе тежок пораз на неговата партија на европските избори.

Првиот круг на парламентарните избори ќе се одржи на 30 јуни, а вториот на 7 јули, изјави Макрон во своето обраќање што беше емитувано откако крајно десничарската партија Национално обединување освои околу 32% од гласовите на изборите во Европскиот парламент.

„Зголемувањето на бројката на националисти и демагози е опасен не само за нашата нација туку и за Европа“, истакна Макрон.

Ренесанса, партија на претседателот на Франција, според излезните анкети, освои околу 15% од гласовите на европските избори, а социјалистите освоија 14%.

TRT Balkan / агенции
Популарни