„Њутн од Газа“ е среќен што може да ги осветли шаторите на неговото семејство и соседите за да ја ублажи болката од раселувањето и израелските напади / Photo: AA

Во Појасот Газа, каде што има прекин на струја поради континуираните напади на Израел околу 5 месеци, Хусам ал-Атар, наречен „Њутн од Газа“, во бегалскиот камп каде што живее произведува струја со ветерницата што ја направил рачно.

15-годишниот Атар, кој поради нападите на израелската Армија беше раселен од градот Беит Лахија во северниот дел на Газа и дојде во градот Рафах, го осветлува бегалскиот камп во кој живее со своето семејство. Тој произведува струја со ветерници што ги направил со стари пропелери.

Ме викаат „Њутн од Газа

Зборувајќи за Анадолу, Атар рече: „Оние кои живеат во бегалскиот камп ме нарекуваат „Њутн од Газа“ поради улогата што ја одиграв во осветлувањето на кампот.

„20 дена по нашето пристигнување во Рафах, снема струја и немаше извор на струја за да ги осветли шаторите на раселените, па јас помислив да изградиме ветерница што ќе ја осветли темнината на кампот“, истакна Ал-Атар, кој живее во бегалски камп во Рафах, во близина на границата со Египет.

„Размислував како можам да го осветлам ова место и инсталирав вентилатор за претворање на кинетичката енергија што произлегува од силата на ветрот во електрична енергија“, нагласи момчето со прекар „Њутн од Газа“.

Атар рече дека на почетокот неговите обиди за осветлување не биле успешни, но успеал откако се обидел неколку пати.

Кога брзината на ветрот се намалува, врз кампот паѓа темнина

„Бидејќи ветерницата работи кога дува ветер, можам да го осветлувам местото наизменично. Кога брзината на ветерот се намалува, во кампот се стемнува“, рече Ал-Атар.

За да го развие својот проект, Ал-Атар се надева дека ќе ги пронајде потребните материјали, особено батерии, за складирање на енергија што ќе ја искористи подоцна кога ветерот не е силен.

Тој вели дека батериите што му се потребни не се достапни во Рафах. Ал-Атар е решен да продолжи да ја развива својата иницијатива, иако работата на неговиот проект моментално е ограничена на времето кога дува ветер.

„Њутн од Газа“ рече дека е исклучително среќен што може да ги осветли шаторите на неговото семејство и соседите за да ја ублажи болката од раселувањето и израелските напади. Тој истакнува дека имал пронајдоци пред нападите на Израел. Ал-Атар рече дека направил подводна светлина, механизам што автоматски ги затвора вратите и вентилатор за ладење во летните месеци.

Стотици илјади раселени Палестинци се борат да преживеат во Рафах

Градот Рафах е познат како најгусто населен град во Појасот Газа, со население што порасна од 300.000 на 1,4 милиони откако израелската Армија ги принуди жителите на Газа да се преселат.

Од 7 октомври 2023 година, кога Израел ги започна своите насилни напади врз Појасот Газа, кој го опколуваше 17 години, Израел го прекина снабдувањето со електрична енергија, гориво и вода, влошувајќи ги тешките услови во кои 2,3 милиони Палестинци кои се борат да преживеат.

Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври досега загинаа 28.663 Палестинци, меѓу кои најмалку 12.300 деца и 8.400 жени, а 68.395 лица беа повредени. Додека илјадници мртви сè уште се под урнатините, се уништува и цивилната инфраструктура, а на нишан се болниците и образовните институции, каде што луѓето бараат засолниште.

AA
Популарни