Во дворот на болницата Ал Шифа во Газа, која Израел во текот на интензивните повеќемесечни напади ја претвори во урнатини, убивајќи стотици луѓе, откриена е масовна гробница.
Здравствени извори потврдија за Анадолу дека ексхумираните тела од масовната гробница, всушност, се луѓето што израелските војници ги убиле во кругот на болницата и ги закопале во дворот на оваа институција.
Истиот извор наведе дека вчера, во утринските часови, се ексхумирани тела на 10 лица.
На повеќе локации во дворот на комплексот на болницата се откриени комплетни, парцијални, запалени или тела во фаза на распаѓање, во единечни или масовни гробници.
Неименувани извори наведуваат дека во оваа фаза не е можно да се утврди бројот на тела што се пронајдени или би можело да се пронајдат во кругот на болницата.
Во раните утрински часови на 18 март, израелската армија упадна во болницата Шифа, лоцирана во западниот дел на градот Газа, каде што се засолниле повеќе од 7.000 болни и раселени Палестинци, и го опколила комплексот каде што се засолниле Палестинците.
Владата во Газа објави дека израелските сили убиле повеќе од 400 Палестинци во и околу болницата Шифа, затвориле повеќе од 900 и уништиле 1.050 домови.
Израелската војска тврдеше дека убила 200 Палестинци и уапсила повеќе од 500 во двонеделната рација.