Сѐ уште не се познати идентитетот на лицето и неговата здравствена состојба / Photo: Reuters

Непознат маж се самозапали во парк во близина на судската зграда во Менхетен, Њујорк, САД, каде на поранешниот претседател Доналд Трамп му се суди за повеќе обвиненија за фалсификување деловни документи.

На видеото објавено на социјалните мрежи од случајни минувачи се гледа човек на колена со рацете на главата додека пламенот го зафаќа неговото тело.

Мажот набрзо паднал на земја пред да испушти силен крик.

Полицијата притрчала на локацијата, а едно лице се обидело да употреби противпожарен апарат за да гo спаси човекот.

Се уште не се познати идентитетот на лицето и неговата здравствена состојба.

AA
Популарни