Медиуми: Најмалку 750 Израелци се водат за исчезнати откако избија борбите / Photo: AA

Најмалку 750 Израелци се водат како исчезнати од почетокот на борбите во саботата наутро, објавија локалните медиуми рано во неделата.

„Според неофицијален извештај, околу 750 Израелци во моментов се водат како исчезнати“, објави дневниот весник „Јерусалем Пост“ на социјалната мрежа X, поранешен Твитер.

Хамас ја започна операцијата „Поплава Ал Акса “во саботата и рече дека ненадејниот напад бил одговор на упадот во џамијата Ал Акса и зголеменото насилство од доселениците.

Хамас истакна дека истрелала илјадници ракети и заробила многу Израелци.

Како одговор, израелската армија ја иницираше операцијата Железни мечеви против Хамас во Појасот Газа.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху рече: „Ние сме во војна.“ Тој ги повика цивилите во Газа да си заминат бидејќи израелската војска ќе ги претвори „сите скривалишта на Хамас во урнатини“.

Најмалку 232 Палестинци се убиени во нападите, според медицински извори во Газа, додека израелскиот биланс се искачи на 300.

Според израелската армија, од саботата наутро, Хамас лансираше повеќе од 3.000 ракети кон Израел.

Во изјавата на X, армијата призна дека војници биле заробени и земени како заложници во Газа и потврди дека повеќе од 1.000 Израелци биле повредени.

TRT Balkan / агенции
Популарни