Се проценува дека на 4,6 милиони американски граѓани не им било дозволено да го дадат својот глас на среднорочните избори оваа година поради минатите злосторства        Фото: Ројтерс

Се проценува дека на 4,6 милиони американски граѓани не им било дозволено да го дадат својот глас на среднорочните избори оваа година поради минатите злосторства за кои моментално служат или за кои претходно отслужиле затворска казна. Ова се податоците кои се наведени во извештајот „Затворени 2022: проценки на луѓе на кои им е ускратено гласачкото право“ од „Проектот зa изрекување казна“. Бројката е еднаква на два отсто од населението кое има право на глас во земјата, објави Статиста.

Во САД, секоја држава може да ги одреди своите политики за тоа дали престапниците имаат право на глас или пак немаат. Во текот на изминатите децении, се поголем број држави тргнаа кон враќање на правото на глас на престапниците, иако сè уште има огромни варијации.

Четири групи држави

Националната конференција на државните законодавни тела (NCSL) ги категоризира државите во четири групи, објаснувајќи дека во првата група - во округот Колумбија, Мејн и Вермонт - престапниците никогаш не го губат своето право на глас, дури и кога се затворени.

Спротивно на тоа, во 21 држава, злосторниците го губат своето права на глас додека се во затвор, но ова право автоматски им се враќа по ослободувањето. Во одредени случаи, за да се добие правото на гласање, гласачот мора повторно да се регистрира.

Во третата група се 16 сојузни држави каде на криминалците им е оневозможено правото на глас додека се во затвор и за времето кога се на условна слобода или условна казна, а можеби ќе треба да платат и неплатени казни пред да можат повторно да гласаат.

Во последната група, составена од 11 држави, правилата се порестриктивни. Злосторниците може трајно да го изгубат правото на глас или може да бараат помилување од гувернерот, за да поминат дополнителен условен период или да завршат некој вид дополнителна акција.

Некои заедници потешко погодени

Овие закони ги погодуваат некои заедници потешко од другите, со тоа што на еден од 19 афроамерикански гласач му е забрането да гласа. Ова е три ипол пати повеќе отколку кај не-афроамериканците.

Флорида има најголем број обесправени луѓе, со повеќе од 1,1 милион гласачи на кои им е забрането да гласаат. Ова според анализата се должи на фактот дека многумина не можат да си дозволат да ги платат паричните санкции наложени од судот.

TRT Balkan
Популарни