Тимот на Меѓународната агенција за атомска енергија (MAAE) пристигна во украинската нуклеарна централа „Запорожје“, објавија денеска руските медиуми.
Медиумите објавија видео на кое се гледа како конвој со симболи на ОН влегува во теренот на централата, придружуван од воени и полициски возила.
Под контрола на Москва од почетокот на војната, која Русија ја започна на 24 февруари, најголемата европска нуклеарна централа беше гранатирана неколкупати, предизвикувајќи загриженост за нуклеарна катастрофа.
Агенцијата ќе разговара за низа опции за решавање на проблемот, вклучително и организирање постојан престој на нејзините експерти во централата.
AA