Сириската група Хајат Тахрир ал-Шам, која ја предводи преодната влада, го собори режимот на Башар ал Асад на 8 декември по 13-годишна граѓанска војна / Photo: Reuters

Иран мора да ја почитува волјата на сирискиот народ и безбедноста и суверенитетот на земјата, изјави новоименуваниот министер за надворешни работи на Сирија Асад Хасан Ал Шибани.

Тој реагираше на зборовите на иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, кој во телевизиско обраќање ги повика сириските млади „одлучно да се спротивстават на оние кои планираа и предизвикаа несигурност во Сирија“.

„Предвидуваме дека и во Сирија ќе се појави силна и чесна група, бидејќи сириската младина денес нема што да изгуби. Нивните училишта, универзитети, домови и улици се во опасност“, рече Хамнеи.

Сириската група Хајат Тахрир ал-Шам, која ја предводи преодната влада, го собори режимот на Башар ал Асад на 8 декември по 13-годишна граѓанска војна.

TRT Balkan / агенции
Популарни