Шефот на Мосад, Давид Барнеа ќе одржи средба со катарските официјални лица / Photo: AA

Давид Барнеа, шеф на израелската разузнавачка служба Мосад, отпатува во Доха каде што ќе разговара за продолжувањето на хуманитарната пауза во Појасот Газа и продолжувањето на размената на заробеници.

Како што наведува „Тајмс оф Израел“, Барнеа ќе одржи средба со катарските официјални лица и со директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Брнс.

Дискусиите имаат за цел „да се надоврзат на напредокот на договорот за продолжена хуманитарна пауза и да започнат понатамошни дискусии за следната фаза од потенцијалниот договор“.

Минатата недела е објавено дека катарските официјални лица престојувале во Израел за да се сретнат со лидерот на Мосад и други функционери.

Договорот за четиридневната хуманитарна пауза на судирите меѓу Израел и Хамас стапи во сила на 24 ноември, петок.

Во рамките на договорот, досега од Појасот Газа се ослободени 51 заробеник и им се предадени на Израел, од кои еден маж, а останатите се жени и деца, во замена за 150 палестински жени и деца кои се ослободени од израелските затвори.

Катар вчера објави дека хуманитарната пауза е продолжена за уште два дена, како резултат на посредувањето меѓу Хамас и Израел.

AA
Популарни