Палестинските групи денеска во Москва започнаа нова рунда преговори за национално помирување во присуство на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Басам ал-Салхи, генерален секретар на Палестинската народна партија, изјави за Анадолу дека Лавров го започнал својот говор со нагласување на руската поддршка за правото на палестинскиот народ да основа сопствена независна држава на териториите од 1967 година и со Источен Ерусалим (Ал Кудс) како главен град.
Тој исто така изјави дека Лавров ги потврдува тековните напори на Русија за прекин на огнот во Газа.
Ал Салхи понатаму рече дека Лавров го смета американското „осамено спонзорство“ на палестинско-израелскиот мировен процес како причина за неговиот неуспех, што доведе до влошување на ситуацијата на Блискиот Исток.
Палестинските групи од 2007 година се политички поделени на два блока, оној предводен од Фатах на Западниот Брег и оној предводен од Хамас во Газа.
Во изминатите години се водеа повеќе преговори, но не беше постигнат договор за надминување на политичкиот јаз меѓу палестинските групи.
На 16 февруари Русија објави дека ќе биде домаќин на палестински групи кои ќе водат внатрепалестински преговори од 29 февруари до 2 март.
Разговорите во Москва се одржуваат по разорниот напад на Израел врз Појасот Газа, кој трае од 7 октомври и досега однесе животи на повеќе од 30.000 Палестинци.