Научната заедница допрва треба да изгради консензус околу животните кои предвидуваат земјотреси / Photo: TRT World

Постојат многу теории и истражувања кои тврдат дека невообичаеното однесување на животните може да им помогне на луѓето да предвидат силни земјотреси.

Сепак овој долгогодишен мит дека животните можат да предвидат земјотреси допрва треба да се потврди со научно расудување. Иако тој долго време ја преокупира имагинацијата на многумина, бидејќи локалните извештаи и извештаите на очевидците сугерираат дека животните се однесуваат чудно неколку часа или денови пред да се случи земјотрес.

Овој мит датира од античка Грција, во 373 п.н.е., се вели дека стаорци, ласици, змии и стоногалки ги напуштиле нивните домови неколку дена пред интензивен земјотрес да го потресе целиот регион.

Слични тврдења се појавија во последно време. Некои велат дека дури и рибите и птиците необично се однесуваат пред сеизмичката активност.

Овие приказни го поттикнаа интересот на истражувачите, кои ја користат најновата технологија за да ги следат животните за кои се вели дека предвидуваат земјотреси.

Научно истражување

Мартин Викелски од Институтот за однесување на животните Макс Планк во Германија водеше значајна истрага за промена на моделите на однесување кај група животни неколку дена пред земјотресот да ги погоди нивните живеалишта.

Викелски поставил сензори на шест крави, пет овци и две кучиња во северна Италија подложна на земјотреси. Тој ги набљудувал неколку месеци пред и за време на серија земјотреси да го погодат нивното живеалиште.

Викелски и неговиот тим истражувачи собрале податоци кои откриле промена во однесувањето на животните на фармата 20 часа пред земјотресот. Животните покажаа невообичаено продолжено време на активност - тие беа 50 проценти поактивни во временска рамка од 45 минути во споредба со претходните денови. Со низа пресметки, истражувачите предвиделе земјотрес со јачина над 4,0 степени. Користејќи го истиот метод, тие предвидоа седум од осум силни земјотреси.

Американскиот геолог Џозеф Ел Киршвинк во научно списание објаснува за П и С бранови. Тој вели дека животните можат да го почувствуваат П бранот пред ударот на С бранот. П брановите можат да патуваат низ течности, цврсти материи и гасови, додека S брановите патуваат само низ цврсти материи. Мал број луѓе можат да го почувствуваат помалиот бран П кој најбрзо патува од изворот на земјотресот и пристигнува пред поголемиот бран С.

Студијата на Киршвин покренува клучно прашање: Дали е можно животните да развијат генетска тенденција да предвидуваат земјотреси и да го задржат ова претпазливо однесување и покрај различните степени на сеизмички активности? Природниот инстинкт на сите животни е или да се бранат од предатори или да избегаат од претстојните опасности што не можат да ги спречат.

Генетска структура им овозможува на широк спектар на 'рбетници да развијат чувство за рано предупредување за некои настани поради што можат да избегаат при сеизмички активности.

Контрадикторност

Сепак, научната заедница допрва треба да изгради консензус околу животните кои предвидуваат земјотреси.

Вит Гибонс, професор по зоологија и виш биолог на еколошката лабораторија на реката Савана на Универзитетот во Џорџија, вели за Гадсден Тајмс дека преживеаните треба да им се заблагодарат на научниците за следењето на сеизмичките бранови во земјината кора, а не за чудното однесување на животните.

Но, прегледот на 180 публикации кои известуваат за 700 записи за невообичаено однесување на животните пред 160 земјотреси укажува на значајна корелација помеѓу овие однесувања.

Иако сеизмолозите и научниците допрва треба да најдат кохерентен модел во користењето на однесувањето на животните како една од алатките за прогнозирање на големи земјотреси, повеќе истражувања за овој феномен би можеле да доведат до посакуваните резултати.

TRT World
Популарни