Во последните две години е забележано намалување од 10 отсто на обемот на глечерите во Швајцарија, која доживеа едно од најтоплите лета во последните години.
Комисијата за криосфера при Академијата за наука на Швајцарија соопшти дека како резултат на температурите што се над нормалата и помалите снежни врнежи од претходно дошло до сериозно забрзување на топењето на глечерите на швајцарските Алпи.
Во соопштението на Комисијата се наведува дека во Швајцарија, која поседува најмногу глечери во Европа, нивниот обем се намалил за 10 отсто во 2022 и 2023 година.
Се истакнува дека само во последните години дошло до топење на глечерите колку што било во периодот од 1960 до 1990 година.
Во ова соопштение се нагласува дека сериозното топење на мразот е предизвикано од премалку снег што паѓа на глечерите и ги штити од директна сончева светлина.
Според соопштението, екстремните горештини во јуни предизвикаа топење на снегот од две до четири недели порано од нормалното.