Цермат е популарна планинска дестинација позната по скијањето што привлекува туристи од целиот свет / Photo: Reuters

Петмина од шесте скијачи кои исчезнаа за време на скијачка тура на швајцарските Алпи се пронајдени мртви, додека по еден се уште се трага, соопшти полицијата.

Скијачите, од кои пет се членови на исто семејство, исчезнаа во саботата на скијачката патека меѓу Цермат и Арола во областа Тете Бланш (3706 метри) во близина на врвот Матерхорн на границата меѓу Швајцарија и Италија.

Групата скијачи тргнала на крос-кантри турнеја во областа. Телата беа пронајдени во неделата од спасувачките екипи, соопшти полицијата.

Скијачите се на возраст од 28 до 58 години. Петмина од загинатите се членови на исто семејство од кантонот Вале, додека шестиот е скијач од кантонот Фрибург. Полицијата не го откри идентитетот на загинатите скијачи.

Цермат е популарна планинска дестинација позната по скијањето што привлекува туристи од целиот свет.

TRT Balkan / агенции
Популарни